еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом Пелагонија

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната.

-Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се шест мостри од храната која се послужувала и осум брисеви од работните површини и опремата, се наведува во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

Кујната, како што посочуваат од АХВ, ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дека се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агенцијата за храна привремено ја затвори мензата во „Пелагонија“

Студенти од домот „Пелагонија“ завршија на Инфективна клиника по труење со храна од мензата

Фото: Пелагонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР со честитка за Илинден

Редакција

Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузното Ауди вредно 67 илјади евра

Редакција

Владата го менува Кривичниот законик: Нови санкции за говор на омраза

Редакција