(Видео) НАТО по третпат пресретната балистичка ракета испукана од Иран кон Турција

НАТО синоќа по третпат пресретна балистичка ракета испукана од Иран кон Турција, откако почна нападот на САД и Израел на Иран.

Информацијата ја потврдија од НАТО и турското Министерство за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сирени за тревога од воздушен напад во воздушната база на НАТО во Турција

Ракетата влегла во турскиот воздушен простор, која е членка на Алијансата, а била неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО, распоредени во источниот Медитеран.

Од турското Министерство за одбрана исто така информираа дека се во тек консултации со Иран за да се разјаснат сите околности на инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранска балистичка ракета повторно влезе во турскиот воздушен простор, Ердоган го предупреди Иран да се воздржи од „провокативни и погрешни чекори“

Ќе биде ли вовлечен и НАТО во конфликтот на Блискиот Исток, противвоздушната одбрана на Алијансата собори проектил што се движел кон Турција

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести