еМагазин
Image default
Македонија

По укинување на притворот на Јанакиески за ТНТ, Обвинителство ќе бара нов за случајот со настаните од 27 април

Нова неизвесност со притворот на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, еден му е укинат, но има најава за нов, јавува телевизија Телма.

Телма дознава, а од Oбвинителството за гоненење организиран криминал и корупција потврдиле дека по добивањето на решението дека му е укинат притворот за предметот ТНТ, ќе бараат нов за случајот “Организатори на 27 април“.

Обвинителката Вилма Русковска во телефонски разговор за телевизијата вели дека не се известени за одлуката на Апелација, но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство.

Токму денеска вели Русковска е поднесена и жалбата на пресудата за настаните од 27 април во Собранието со која се бара повисоки казни за обвинетите меѓу кои е и Јанакиески.

Со неа тој е осуден на 6 години и три месеци затвор за “Терористичко загрозување на уставниот поредок“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопска апелација му го укина куќниот притвор на Јанакиески, ја заменува со мерка претпазливост

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врнежите го исчистија загадениот воздух, но направија и проблеми на некои патни правци: Снег на планинските превои

Редакција

Кои пратеници ги предложија законските измени за Бехтел и Енка, со кои конзорциумот нема да плаќа данок, царина и акциза

Редакција

Убава вест: Оздравени 737 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција