еМагазин
Image default
Локално

Почина градежен работник во Штип, откако го потрупало поголема количина на песок

Градежен работник од Штип почина рано утринава, откако го потрупало поголема количина на песок.

Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски за МИА информира дека настанот се случил во месноста Ежово Поле во близина на Штип.

Обвинителот наредил обдукција на телото, а увидот се врши од страна на полицијата и е повикан инспектор за заштита при работа, кој треба да утврди дали се запазени стандардите за заштита на работникот на работното место.

Од полицијата најавуваат дека со повеќе детали ќе излезат откако ќе заврши увидот на местото на несреќата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет лица под истрага за насилството во Шуто Оризари: Еден од нападнатите полицајци со повреди опасни по животот

Редакција

Трагедија во Крушево: Се породила дома, но предоцна повикала Итна помош

Редакција

Отворените средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжуваат во Гевгелија

Редакција