еМагазин
Image default
Бизнис

Почна со работа кол центарот за компаниите и граѓаните, за сите информации за економските и другите мерки за корона вирусот

Владата денеска го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со Ковид-19.

На LIVE Call Center – контакт линијата, која што е донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик.

Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот.

„Изминатиот период со цел полесно да се помине кризата предизвикана од коронавирусот Владата донесе сет економски и други мерки за бизнисот и граѓаните. За начинот и користењето на овие мерки компаниите и граѓаните ќе може да се јавуваат во кол центарот.

Како за потсетување, досега се донесени два сета на економски мерки а се во насока на поголема ликвидност на бизнисот и зачувување на работните места,“ информираат од Влада.

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА МЕРКИТЕ

Финансиска поддршка за компаниите и самостојните вршители на дејност:

– За исплата на плати за месеците април и мај компаниите ќе добиваат 14.500 денари по вработен.

– Овозможено е користење на бескаматни кредити за микро, мали и средни компании.

– Воведуваме субвенционирање на 50% од придонесите на плати на вработените.

– Обезбедуваме исплата на минимална плата за спортските работници и уметниците.

– Обезбедивме финансиска помош за занаетчиите и самостојните вршители на дејност.

Олеснување на обврските на компаниите и граѓаните за плаќање на долговите и обврските кон државата:

– Запрена е работата на извршителите до крајот на јуни.

– Создадени се услови за одложување на плаќање на ратите на кредитите за 3 до 6 месеци за што поголемиот дел од банките веќе излегоа со свои понуди.

– Ослободување од плаќање на месечни аконтациите за данок на добивка за април, мај и јуни.

– Намалување на казнената камата за јавни давачки.

– Намалување на законска затезна камата за правни и физички лица.

– Ставена е во мирување давачката за ЗАМП.

– Се запираат стечајните постапки.

За лицата коишто останаа без работа во услови на Ковид-19 понудени се неколку видови на поддршка:

– Согласно законот за вработување и осигурување во случај на невработеност граѓаните кои останале без работа ќе остварат надоместок преку АВРМ согласно нивните години работен стаж.

– Го прилагодуваме системот на социјална заштита за брз влез на лицата кои останале без работен ангажман и биле дел од неформалната економија со цел да остварат право на гарантирана минимална помош.

За лицата во социјален ризик и корисници на други социјални права донесени се низа мерка:

– Обезбедуваме дополнителна исплата на енергетски додаток за април и мај на околу 30.000 корисници.

– Продолжува исплата на образованиот додаток за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, без потврда за редовност во училиште.

– Продолжени се и роковите за поднесување на барањата за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче, и за додатоците за трето и четврто дете.

– Ослободување од закуп за социјални станови.

Мерки во делот на платен одмор

– Продолжено е платеното отсуство од работа поради нега и одгледување на новороденче и посвоено дете се до истек на траењето на времените мерки.

– Задолжително користење на годишен одмор во приватен сектор.

– Задолжително користење на годишен одмор во јавен сектор.

Фондови за помош за Ковид-19

– Формиран е Фонд за туризам за поддршка на туристичките дејности.

– Се формира солидарен Фонд за Ковид-19.

Владата продолжува да ја следи состојбата со Ковид-19 и да носи мерки согласно реалните потреби на компаниите и граѓаните, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само една понуда на третина од тендерите за јавни набавки

Никола Осило

Детали за понудите: Новиот мобилен оператор Телекабел со префикс 074 стартува од денеска

Редакција

СВ-Инвест го доби тендерот на ЕЛЕМ за ископ во РЕК Битола вреден 49 милиони денари

Никола Осило