На 64-годишна возраст почина италијанскиот фудбалер Паоло Роси, кој се прослави на Светско првенство во 1982 година кога Италија го освои мундијалот.
Според италијанските медиуми, тој починал од неизлечива болест.
Роси со Јувентус освои две титули во Серија А, еден Европски куп и една титула во италијанскиот национален куп, но најмногу запаметен ќе остане по шесте погодоци кои ги постигна на Светското првенство во 1982 година.
Фото: CGTN
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.