еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Почина легендарниот Зафир Хаџиманов како последица од компликации со Ковид-19

Како последица од компликации од Ковид-19, во Белград почина македонскиот композитор, пејач и актер Зафир Хаџиманов, на 77-годишна возраст.

Едни од најубавите негови песни по кои ќе се памети во неговата богата и плодна кариера се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“…

Тој во 2007 година беше промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Хаџиманов е роден во Кавадрци, но целиот свој животен век го помина во Белград во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Хаџиманов зад себе остави над 5.000 записи од македонски изворни песни. Автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик, а има добиено и награди и признанија на фестивали за поезија и музика.

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Загинаа 198 украински цивили помеѓу кои и три деца, информираше украинската амбасадорка Задорожњук

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во септември

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза лани

Редакција