еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина новинарката Весна Крстева

Рано изутрината не напушти нашата Весна Крстева (57), одговорен уредник на Канал 77, објави медиумот.

„Крстева имаше 28 години плодна радиска кариера, која траеше се’ до петокот, 15 септември, кога, и самата незнаејќи, се одјави со своите последни вести на националното радио. На уредничкото место беше 13 години.

Секој кој ја познаваше лично, знаеше дека беше најпозитивниот човек, насмеана дури и во најтешките моменти. И ова не е фраза. Избираше да го гледа доброто кај луѓето, така и живееше. Свртена кон своите професионални обврски и желбата за што подобра иднина на семејството, кон своите две деца, кои пораснаа во прекрасни личности.

Новинарството е професија во која Весна целосно ја предаде својата личност и преку проектот кој и’ ја даде целата новинарска слава со циклусот емисии „Судбо, моја судбино“. Преку неа откри многу мали-големи луѓе, зборуваше за животот и нивната судбина, животниот пат.

Беше вљубеник во литературата, извонредно ги паметеше настаните и луѓето и често се шегуваше дека во пензионерските денови ќе се посвети на славните жители на штипско Ново Село, каде живееше. Првата книга требаше да биде посветена на нејзиниот свекор, Трајче Крстев – Бирија и славните новоселски изрази,“ пишува mms.mk.

Погребот е утре (27 септември) на Градските гробишта во Штип. Терминот дополнително ќе биде објавен.

фото: mms.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс-директорот на Централен, Поповски и давал плата на вработена, а таа работела во партија

Редакција

Ќе се предомисли ли Беса: Управниот суд одлучи да не се прегласува во Желино

Редакција

Муцунски го осуди оштетувањето на автомобилот на Јанчева: „Во нашата општина ова не смее да се случува“

Редакција