еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се предомисли ли Беса: Управниот суд одлучи да не се прегласува во Желино

Управниот суд денеска ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино, потврдија за МИА од судот. Тоа значи дека таму ќе нема прегласување на вториот круг, според што, за градоначалник е избран кандидатот на Беса, Блерим Сејди.

Одлуката со која се потврдуваат резултатите од гласањето во вториот круг во Желино, ја донесе Советот на Судот.

Државната изборна комисија (ДИК) во четвртокот го прифати приговорот на ДУИ и реши да биде повторено гласањето во Желино, по што Беса поднесе тужба до Управниот суд.

По одлуката на ДИК, генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, во петокот го обвини коалицискиот партнер ДУИ дека, како што наведе, „им забиле нож во грб со приговорот за Желино“ и оти со тоа се доведува во прашање владината коалиција.

Неколку дена претходно, по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата, Хоџа рече дека Беса останува во владината коалиција, но потоа одлучи да се приклучи на Иницијативата на опозицијата за формирање ново парламентарно мнозинство.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со испитување на вештак, денеска продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

„ТУИ Ервејс“ не планира за наредната година да ги обнови сезонските летови од Лондон за Охрид

Редакција

Обвинителство со детали од истрагата за сообраќајната несреќа во која загинаа 14 лица

Редакција