еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„ТУИ Ервејс“ не планира за наредната година да ги обнови сезонските летови од Лондон за Охрид

Авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“ со седиште во Велика Британија не планира да ги обнови сезонските летови меѓу Лондон „Гетвик“ и Охрид наредното лето.

Истовремено од авиокомпанијата е соопштено дека планира да ги обнови летовите меѓу Манчестер и Охрид, што исто така започна оваа година, и тоа со зголемена фреквенција од еден на два летови седмично.

„ТУИ флај“ од Холандија што исто така е дел од „ТУИ “ групацијата ќе продолжи со летовите од Амстердам за Охрид.

На почетокот на оваа година авиокомпанијата „Виз ер“ ги прекина летовите меѓу Лондон „Лутон“ и Охрид.

Во периодот од јануари до август, охридскиот аеродром опслужил 186.692 патници, што е за 17 проценти повеќе споредбено со минатата година, но е пад од 13,3 проценти во однос на 2019 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27-годишно момче пронајдено мртво во својот дом во струмичко Мокриево

Редакција

Мицкоски: Ова што се случува мора да заврши со предвремени парламентарни избори

Редакција

Досега 8.000 фирми побарале субвенции за поголеми плати на 45.000 работници

Редакција