еМагазин
Image default
Македонија

Алтернатива до среда ќе има став како ќе настапат нејзините пратеници

Централното раководство на Алтернатива вечерва одржува состанок откако денеска пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата, ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.

Портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент, рече, немаат никаква одлука, но дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.

– Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници.

Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имаме тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива, рече Муртезани.

Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтенатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини и Хусни Исмаили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски

Села: Повлекувањето на Реџепи од Алтернатива не значи дека новото парламентарно мнозинство е пропаднато

МИА/Фото: Фејсбук/Гаши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски не го оправдува бегството на Груевски, одговорноста да се бара од Заев и Спасовски

Редакција

Интерпелацијата на Никола Димитров во Собрание

Редакција

Повеќе мажи, 73,6% биле со коморбидитети, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Редакција