еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина писателот Данило Коцевски: Скопје го загуби хроничарот што го знаеше срцето на градот

По кратко боледување почина писателот и хроничар на Скопје, Данило Коцевски. Погребот се одржа денеска на Градските гробишта Бутел во присуство на семејството.

Данило Коцевски е роден во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Како стипендист на француската влада престојувал во Франција (1981-1982). На Интердисциплинарните студии по новинарство на скопскиот универзитет ги држел вежбите по теорија и практика на новинарството.

Еден е од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот на осумдесетите години.

Член на Друштвото на писателите на Македонија станал во 1973 година. Со група еминентни македонски писатели основач е на здружението на Независните писатели на Македонија, во текот на 1993-1994 година.

Како дваесетгодишник (1967) професионално се вработува во редакцијата на весникот „Млад борец“, а подоцна преминува во културната редакција на тогашната Радио – телевизија Скопје (1973). Најпрвин бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи“, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 – 2012 година ја извршувал функцијата директор на Струшките вечери на поезијата.

Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година. Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се наградени („Еразмо Ротердамски“ на конкурсот на МНТ, 1999, а за улогата на Ештро во неговата драма „Од првиот здив’ (1995) артистот Диме Илиев ја доби наградата Ристо Шишков.

Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот.

Досега има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени. Познат е и како хроничар на градот Скопје.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Констатирани низа пропусти во Куманово: Казна од 300 до 600 евра за градоначалникот Максим Димитриевски

Редакција

(Галерија) Иванов со семејството на литургија во Соборниот храм: Да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме

Редакција

Кој е Илир Демири од Алијанса за Албанците, кој е избран за министер за здравство

Редакција