еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Стевановиќ: „Пациентите масовно се лекуваат во домашни услови, Ковид-19 не се лекува со освежувања“

Директорката на Инфективната болница, Милена Стевановиќ во гостувањето на телевизија „Сител“ во емисијата „Магазин“ истакна дека во четвртиот бран пациентите масовно се лекуваат во домашни услови и тоа им ја усложува работата на лекарите.

„Ние и ден денес и покрај, безмалку, две години, гледаме пациенти во тешка состојба, кои исклучително доцна се дојдени. Не можам да го разберам стравот од болница иако болен човек е болен човек и стравува и со оправданост стравува од можните последици на Ковид-19.

Но, навистина, домашното лекување, самолекувањето на ниту еден пациент не му оди во прилог.

Се влошуваат состојбите, за нас клиничките слики се многу поизмешани. За нас лекувањето оди многу потешко на таквите пациенти. А ние, она што го забележуваме во овој последен период, во овој четврт бран, е навистина масовно самолекување дома и лекување со освежувања.

Ковид-19 не се лекува со освежувања. Ковид-19 се лекува со навремено преземање на низа на мерки кои треба да ја контролираат болеста. Тоа во домашни услови е невозможно,“ рече Стевановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Бухова со апел: Граѓаните кои се лекуваат од Ковид-19 во домашни услови, задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување

417 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Кунгуловски објаснува за делта сојот и вакцините и прогнозира кога ќе имаме нов пик

Редакција

(Фото) Ќерката на Мелита, Барбара по стапките на нејзината мајка

Редакција

Доктор Беќаровски: Работниците кои ќе развијат поствакцинален синдром, да не се прислуваат веднаш да се вратат на работа

Редакција