еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Кунгуловски објаснува за делта сојот и вакцините и прогнозира кога ќе имаме нов пик

Доктот Горан Кунгуловски во анализа на Фејсбук објаснува за делта сојот, преносливоста на овој сој, моќта на вакцините и прогнозира кога ќе имаме нов пик.

„Делта сојот на SARS-CoV-2 веќе доведува до нови бранови во Европа. Во Македонија, врвот најверојатно ќе го достигне на средина на септември.

Делта сојот е позаразен: Потребно е пократко време од контакт до PCR позитивен резултат при инфекција со делта сојот. Ако со изворниот сој просекот бил 5.7 денови, со делта сојот е 3.7 денови.

И тоа со делта, околу 12.5% стануваат позитивни на ден 2, 27% на ден 3, 20% на ден 4, 24% на ден 5 и останатите на ден 6 или 7. Значи после 5 дена од контакт, PCR сигнал се детектира кај ~85% од заразените.

Кај заразени со делта сој се детектира просечно околу 1.000 пати повисока концентрација на вирус отколку со изворниот сој.

Што ова значи за периодов?

Бидејќи времето од контакт до PCR позитивитет е намалено и бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, ќе треба АГРЕСИВНО следење на контакти и изолација на заразените и нивните контакти.

Исто така одговорност и на населението коешто нема решенија, ама има сознанија за контакт со позитивен или за појава на симптоми.

Бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови. Значи 70-80% од PCR позитивните би се детектирале и на рапид антигенски.

Ова ќе овозможи побрзо тестирање и скрининг на населението. Значи на ден 5 од контактот со позитивен, би можеле да се детектираат ~60% oд позитивните со рапид антигенски тест.

Што значи ова за вакцините?

Вакцините се уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за зараза е 10-20 пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Значи луѓето се уште може да се заразат, посебно тие што се во постојан контакт со заразен, ама веројатноста е драматично намалена.

Вакцинираните покрај тоа што имаат помала веројатност да се заразат, доколку се заразат имаат помала шанса да заразат некој друг.

Вакцините се уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за сериозни симптоми и смртен исход е десетици можеби и стотици пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Пример ако кај невакцинирано население би имало 20 смртни исходи, кај вакцинирано би имало 1.

Неопходно е приоритетно вакцинирање на постарото население и населението со коморбидитите. Така ќе се намали бројката на сериозно болни и бројката на смртни исходи. Доказ за ова е Велика Британија каде што има нов силен бран (како есенскиот) но минимален број на хоспитализации и смртни исходи поради големиот процент на вакцинирано население, посебно постаро.

Со понатамошна вакцинација и евентуално трета доза, ќе може да се намали и ланецот на трансмисија. Така ќе се сузбие пандемијата.

Нема друг начин, само вакцини, редовно тестирање и одговорност“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Бројот на заболени со Ковид-19 расте и ќе продолжи да расте

Професор Трајковски: Веќе сме во нов бран на Ковид-19, пикот би бил околу 10 септември

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аерозагадувањето носи ризик од појава на астма и многу други болести кај децата

Редакција

Поради случаи на деца со тешки постковид компликации, во „Аџибадем Систина“ стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести

Редакција

Почина Владимир Богоев, новинар и еден од основачите на дневниот весник „Дневник“

Редакција