еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој има најмногу акции во Комерцијална банка

Откако од Народна банка информираа дека се укинува ограничувањето за делење на дивиденда во банките, поради пандемијата со Ковид-19, од Комерцијална банка соопштија дека ќе делат дивиденда, а информираа и дека главниот извршен директор Хари Костов купил акции во Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка ќе дели дивиденда

Кој е најголем акционер во Комерцијална банка

Информацијата дека Костов купил акции во Банката ја зголеми дневната вредност на акцијата на Банката, а тој иако поседува под 5% од акциите, сподели дека има 20.000 акции во Комерцијална банка, што претставува 0,877% од вкупниот број акции на Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хари Костов за „Пари“ откри колку акции поседува во Комерцијална банка

Акционерите во Македонија немаат законска обврска да информираат колку акции поседуваат, ако нивниот број е под 5% од вкупниот број. Низ годините имаше обиди тоа законско решение да се смени, за да се има поголема транспаретност и да се знае кој колку акции поседува некаде, но тоа не се случи.

Најголем акционер во Банката е Адора инженеринг, која во јуни годинава повторно ја зголеми сопственичката структура во Комерцијална банка. Сите останати акционери имаат под 5% акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чифлиганец ја „забетонира„ својата позиција во сопственичката структура на Комерцијална банка

Правното лице Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, сега поседува 341.860 обични акции со право на глас во најголемата банка во земјава, или 14,9999% од основната главнина во Банката, а генералниот директор Ванчо Чифлиганец ја зацврсти својота позиција останувајќи најголем поединечен акционер во Банката, каде е и член на Надзорниот одбор (НО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави примиња имале лани Фатмир Етеми, Сава Димитрова, Ванчо Чифлиганец, Таки Фити, членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

По Чифлиганец, во јуни својата позиција во Банката ја зацврсти и друг член на НО на Комерцијална, бизнисменот Фатмир Етеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центарот за јавно здравје – Скопје вработува 14 лица, плата до 33.727 денари

Редакција

Кои граѓани ќе се спасат од високите давачки за извршителите

Редакција

Откриена нова вакцина против туберкулоза

Редакција