еМагазин
Image default
Бизнис

Хари Костов за „Пари“ откри колку акции поседува во Комерцијална банка

Главниот извршен директор на Комерцијална банка, Хари Костов за порталот „Пари“ откри колку акции поседува во Банката.

Тој поседува помалку од 5% од акциите, па нема законска обврска да ја сподели таа информација.

„И покрај тоа што согласно законската регулатива акционерските друштва немаат обврска да објавуваат состојба на акции на акционерите што поседуваат под 5% од вкупниот број на акции, сепак Ве известуваме дека Хари Костов, главен извршен директор на Комерцијална банка, поседува 20.000 акции од Комерцијална банка, што претставува 0,877% од вкупниот број акции на Банката“, се вели во изјавата на Комерцијална банка за “Пари“.

Најголем акционер во Банката со 14,99% е Адора Инженеринг. Сите останати акционери имаат под 5% акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хари Костов купи акции во Комерцијална банка

Членот на Надзорниот одбор на Комерцијална, Фатмир Етеми купи 4.312 акции во Банката

Чифлиганец ја „забетонира„ својата позиција во сопственичката структура на Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП ги повикува граѓаните навремено да ги проверат годишните даночни пријави

Редакција

АПИС: Aпелираме до Владата да им овозможи да работат и автомат клубовите и казината

Редакција

Јавни претпријатија должат милиони неплатен данок кон УЈП

Редакција