Почина новинарот Владимир Богоев, и еден од основачите на дневниот весник „Дневник“.
„Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот. Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне.
Новинар, еден од основачите на “Дневник”. Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ! Муабетете со Трајко и трчајте со Лиле на небото. Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал… А до тогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on…
Погребот ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица,“ информираше неговиот син, Стефан Богоев.
Фото: Фејсбук/Богоев