еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За шест месеци на Македонската берза промет од околу 160 милиони евра

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември 2021 година изнесува околу 160 милиони евра, што претставува зголемување од 42% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 113 милиони евра, информираат од Македонската берза.

“За споредба на Берзата во последните десет години поголем промет е постигнат единствено во 2018 кога годишниот промет изнесуваше 169 милиони евра.

Овогодишното зголемување на вкупниот промет примарно се должи на зголемениот промет од блок транскации (кај кој се забележува пораст од 172%) и поинтензивното тргување со обврзници каде порастот е 270% (минатата година изостана редовната годишна котација на обврзниците за денационализација).

Од друга страна, забележано е одредено намалување на прометот со акции во БЕСТ системот од околу 15%, при што апсолутниот износ и на овој вид промет е доста висок, а неговото намалување се должи на фактот дека минатата година во март и април беа забележани исклучително високи акциски промети како последица на прогласената пандемија на Ковид-19.

Анализата на структурата на промeтот покажува скоро еднакво учество на прометот остварен на Официјалниот пазар на Берзата (49,92%) и прометот од блок трансакции (49,16%).

Од дополнителната анализа на структурата на прометот во последните неколку години (со пресек по првите девет месеци) може да се заклучи дека прометот со акции и со обврзници од класичното тргување во БЕСТ системот во 2021 година (во износ од околу 81 милиони евра) е втор најголем берзански промет по овој основ во последните 5 години (најмногу се тргувало токму минатата пандемиска 2020 година кога овој промет изнесуваше околу 97 милиони евра)“, велат од Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во првите 6 месеци: 67 компании кои котираат на Македонската берза работеле со добивка, 25 со загуба

За 6 месеци: Акцијата на Комерцијална остварила промет од 48 милиони, на Алкалоид, 10,4 милиони, а на НЛБ Банка, 10,3 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ескобар вечераше со Ковачевски, Османи и Маричиќ

Редакција

(ФОТО) Пена тече од фонтаните во центарот на Струмица

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на изборите за градоначалници на Штип и Пласница

Редакција