еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина Пиже, легендарен скопски лик, „главен“ за ноќниот забавен живот во „златните времиња“

Синоќа почина Сашо Пижевски-Пиже, скопски урбан лик кој учествуваше во градењето на ноќниот клубски живот кон крајот на 80-те, кога, како што би рекле неговите блиски „Скопје беше Скопје“.

Тој беше член на култниот Хавана бенд, во кој настапуваше со Игор Џамбазов, како и Горан Атанасов-Зеко, кој почина пред четири години.

Пиже често се сеќаваше на дружбите со Зеко, “дешаванките“ со него по скопските клубови и концерти, а само неколку часа пред ненадејната смрт, објави фотографија во знак на сеќавање на старите времиња.

И, верувале или не, почина на ист ден со блискиот пријател.

Тој беше сопственик на порталот „Мајка ти и татко ти“, преку кој промовираше патувања на различни дестинации, а најомилена му беше Грција, поточно Скијатос.

Пиже беше подвижна реклама за овој грчки остров.

И додека се подготвуваше за летото, патувањата, живот на плажа, како што вообичаено бидува, „некој друг имал поинаков план“.

Почивај во мир Пиже!

Фото: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Слобода превоз“ ќе поведе судски спор за раскинувањето на договорот со Град Скопје

Редакција

Убава вест: Оздравени 368 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово, Тетово и Штип

Редакција

Нова опрема во ГОБ „8-ми Септември“, ќе се намали чекањето за мамографија, ултразвук и томографија

Редакција