еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Речиси целото население, макар и со едно прележување или само со две дози вакцини веќе поседува долгорочна заштита од тешка форма на Ковид-19

Веќе прилично сме оддалечени од Велигден и Рамазан Бајрам, двата високоризични настани од аспект на ширење на заразата, но работите не одат како што би сакале да одат. Ефективниот репродукциски број дури сега одвај се спушти под единица (Rt = 0,98 ± 0,26), но не многу убедливо, вели проф. Дејан Трајковски во најновата ковид-анализа.

„За споредба, мината година во средината на мај веќе имавме стрмо намалување на дневните бројки, иако врвот на бранот на алфа сојот („британскиот“) беше во март.

Годинава, иако врвот на омикрон сојот беше уште во февруари, досега веќе би требало да бидеме во вториот или првиот степен на ризик, односно во режим на спорадично заразување.

Но, со 14-дневна инциденца од 63 нови случаи на 100.000 жители, ние сé уште сме во третиот степен, со неутрални изгледи за понатаму.

Минатата година мирни беа мај и јуни, а веќе првите денови на јули ни пристигна делта сојот („индискиот“).

Би било добро доколку редовно се прават секвенционирања на геномот на вирусот, за да знаеме дали евентуално веќе се работи за пристигнување на новите соеви BA4 и BA5 на омикрон сојот и во нашата земја, како што веќе пристигнале во некои европски земји.

Доколку единствена причина за овие релативно големи и константни бројки е укинувањето на сите превентивни мерки, тогаш веќе имаме можност да гледаме како би изгледала ендемијата во иднина.

На вториот дијаграм гледаме дека 7-дневната и 14-дневната подвижна средина се практично хоризонтални линии и веќе извесно време се преплетуваат, што значи дека немаме јасен, нагорен или надолен тренд.

Иако, поради пристигнувањето на летото надолното сценарио изгледа поверојатно, од гледна точка на техничката анализа на графиците можно е секаква разврска, па дури и нов нагорен тренд, којшто би бил предизвикан од новите потсоеви.

Четири месеци после избувнувањето на омикрон сојот, имунитетот од прележување во голема мерка е изгубен, така што подолгорочно останува само хибридниот имунитет, од вакцинирање и прележување или двојно прележување.

Со текот на времето ќе има сé повеќе такви лица, па веројатно нема ни да гледаме избувнувања какви што гледавме. Инаку, смртните случаи се сведени на спорадични, односно просечно околу 0,6 починати дневно, што значи дека речиси целото население, макар и со едно прележување или само со две дози вакцини практично веќе поседува прилично долгорочна заштита од тешка форма на болеста,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Ковид-19 но и секој вирус никогаш не исчезнува, туку продолжува да циркулира без поголеми избувнувања цело време на дадена територија

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела едно починато лице од Ковид-19 и 180 нови случаи

Редакција

Првата дама се огласи со апел за лажниот профил: За побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања

Редакција

Бројот на загинати во земјотресот на Хаити порасна на најмалку 1.297 лица

Редакција