Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 52 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.
“Позитивните примероци се одбрани од тестираните позитивни во период од 02-08.05.2022 година, од следните градови: Скопје, Охрид, Кавадарци, Неготино, Велес и Гевгелија.
Во 2 (3,8%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 50 (96,2%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.
Дополнително беа анализирани 15 примероци од регионот на Битола (зголемен број на случаи и инциденца).
Од нив кај 1 е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон, а кај останатите 14 – BA.2 сублинијата на Омикрон“, се вели во извештајот на ИЈЗ за минатата недела, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минатата недела еден починат од Ковид-19
Фото: МЗ