По долготрајно и тешко боледување денеска на шеесет и четири годишна возраст почина судијата од Апелационен суд Скопје, Нуман Лимани.
За судија на Апелационен суд Скопје Лимани избран е 2013 година каде постапуваше по предмети во граѓанскиот и одделот за трговски спорови.
Од 2006 до 2009 година работел како Државен секретар во Министерството за правда, а до 2013 година како Државен советник.
Од 1993 до 2006 година работел како адвокат.
Во текот на својата професионална кариера претседавал и бил член на бројни комисии при донесување на суштински законски и подзаконски прописи.
МИА/Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.