На 06.01.2021 во 17,20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на место викано „Ливади“, патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(66) од Куманово, удрило во Б.М.(79) од Куманово, информира МВР.
По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во 23,30 часот починала.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.