еМагазин
Свет

Почна клиничко испитување на нова вакцина против Ковид-19

Во Бразил, во Мексико, на Тајланд и во Виетнам почна клиничко испитување на нова вакцина против Ковид-19, чие производство би било поевтино, полесно и побрзо.

Вакцината „NDV-HXP-S“ е прва вакцина што во клиничкото испитување користи нов молекуларен дизајн за кој се очекува да создаде посилни антитела од постоечките вакцини.

Вакцините што сега се користат, како „Фајзер“ и „Џонсон и Џонсон“ мора да се направат во специјализирани фабрики со употреба на состојки кои тешко се добиваат. Спротивно на тоа, новата вакцина може да се произведува масовно во јајца од кокошки, како што се произведуваат секоја година милијарди вакцини против грип во фабриките ширум светот.

Доколку се докаже дека вакцината е безбедна и ефикасна, производителите на вакцини против грип би можеле да направат повеќе од една милијарда дози годишно, а посиромашните земји на кои сега им е тешко да добијат вакцини против Ковид-19 од побогатите земји, може да ги произведат или набават сами по ниски цени.

Првата фаза од клиничкото испитување ќе заврши во јули, а последната фаза ќе трае уште неколку месеци.

Експериментите врз животни даваат надеж за успешноста на вакцината.

МИА/Фото: Photo by Ivan Diaz on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Секоја чест за Jennifer Haller, која волонтираше прва на нејзе да се тестира потенцијалната вакцина за корона вирусот

Редакција

Невреме беснее низ Европа: Во поплавите во Германија 90 загинати и повеќе од 1.300 исчезнати, во Белгија 11 жртви

Редакција

И Канада и воведе повисоки царини за САД

Редакција