еМагазин
Image default
Македонија

Почна средбата на Заев и Гаши

Во Клубот на пратениците почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, на која, како што е најавено, треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.

Средбата е најавена од вчера, а како што кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески синоќа на ТВ 24, дека Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.

– Тие преговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат за тоа е дадено овластување на Заев од Централниот одбор на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ партиските телата, изјави Митрески, нагласувајќи дека има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка.

Пратеникот и член на претседателството на Алтернатива Скендер Реџепи, вчера изрази верување дека партијата ќе донесе одлука да биде дел од Владата затоа што, како што кажа, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од СДСМ тврдат дека имаат мнозинство од 61 пратеник

Заев го поканил лидерот на Алтернатива, Гаши на разговори за да партијата стане дел од Владата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис најави „многу непријатно искуство“ на Самитот на НАТО, ако не се употребува уставното име

Редакција

Прифаќање на бугарски диктат нема да се случи, му рекол Мицкоски на Сарацин

Редакција

Во последните три дена, 179 нови случаи на Ковид-19, оздравени 347, шест починати

Редакција