еМагазин
Image default
Локално

Одложено судењето на двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка

Посебните мерки против ширењето на коронавирусот го одложи судскиот процес против двајцата штипјани кои во јануари навредуваа и тепаа девојка во влез на станбена зграда.

Насилството го снимаа на мобилен телефон, а на социјалните мрежи беше објавено на 2 април, по што полицијата брзо ги лоцираше, а судот во два наврати им одреди мерка притвор.

На барање на бранителот Валентин Зафиров да оствари контакт со својот клиент за да направи стратегија за судењето, јавниот обвинител се согласил, а судот прифатил ова право да биде искористено, при што судскиот процес да се одложи за 28 април.

Зафиров појасни дека веќе утре ќе се обиде да оствари средба во кумановскиот затвор со својот клиент, но и со другото момче, кое од денеска е ангажиран да биде и негов бранител пред судот.

Нагласи дека одложувањето не е заради одолговлекување на судскиот процес, туку заради правото на одбрана и фер судење.

Двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години утринава во Основниот суд во Штип беа донесени со комбе од истражниот Затвор во Куманово. Пред да почне судскиот процес адвокатот Зафиров истакна дека притисок чувствува од јавноста, но верува во непристрасност на судијата и носење на одлуки согласно законите.

Момчињата се обвинети за сторено кривично дело „ Насилство“, за што казната која може да им биде изречена се движи од шест месеци до пет години.

Жртвата во овој случај 21 годишната девојка од Штип изминатиот период доби поддршка од тимовите на Центарот за социјални работи-Штип и НВО „ЕХО“

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени двете лица кои крвнички тепаат девојка во Штип пред камера

Осумдневен притвор за двајцата штипјани кои тепаа девојка

Детали од МВР за случајот со девојката од Штип која беше тепана и малтретирана од двајца мажи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар „изеде“ неколку објекти во Старата битолска чаршија

Редакција

Двајца затворски работници од Струмица помогнале да побегне затвореник

Редакција

Поднесено обвинение за лихварство и изнуда, позајмил 20.000 евра барал да му вратат 120.000 евра

Редакција