еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почна зимското сметање на времето

Летното сметање на времето заврши изутрина во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што почна зимското сметање на времето.

-Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 h 00 min 00 s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03 h 00 min 00 s се смета како 02h 00 min 00 s.

Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето, соопштија од Министерството за економија.

Законот за сметање на времето налага потреба од донесување на Одлука за воведувањето на летното сметање на времето.

Оваа Одлука, како што е наведено во соопштението, е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

-Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, какои водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски, туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, велат од Министерството за економија.

Оттаму посочуваат дека со ова се води сметка за непречено функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар, олеснување на транспортот и комуникациите и географската положба, намалување на стопанските и нестопанските влијанија а посебно врз: користењето на електричната енергија, здравјето на човекот, работната способност, начинот на живеењето, земјоделството, заштитата на животната средина, безбедност во сообраќајот, туризмот и индустријата.

Во Македонија важи средноевропското зонско време.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем број од заболените со голема кашлица се деца на возраст до 4 години

Редакција

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој стана премиер на техничката влада

Редакција

(Видео) Г.г. Стефан повика на сенароден собир против законот за родова еднаквост и матична евиденција

Редакција