Европската унија (ЕУ) испрати предупредување до земјите членки и граѓаните да се подготват за криза која долго ќе трае.
На усложнување на ситуацијата влијаат геополитичките конфликти, растечките цени на енергенсите и нарушените синџири на снабдување.
„Мора да бидеме реални – ова нема брзо да заврши. Потребна е подготовка, солидарност и стратегија за долгорочно справување“, порачуваат функционери од Унијата, потенцирајќи дека ситуацијата може дополнително да се влоши доколку конфликтите продолжат да ескалираат.
ЕУ веќе разгледува мерки за ублажување на последиците, вклучително и зајакнување на енергетската независност, диверзификација на снабдувањето и поддршка за најпогодените економии, што изискува заедничка акција и координација на ниво на цела Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Април со цените ќе биде полош од март
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Фото: Unsplash














