еМагазин
Image default
Македонија

Поднесена првата независна кандидатура за градоначалник на Македонска Каменица

Во општините од Пијанечкиот регион, Делчево и Македонска Каменица, поднесена е првата независна кандидатура за локалните избори кои ќе се одржат во октомври.

Каменичанецот Миран Митревски е првиот од неколкуте независни кандидати од Македонска Каменица, кој до Државната изборна комисија во Делчево ги поднесе потребните документи со што и официјално го најави своето учество на изборите.

-Мојата кандидатура е со советничка листа која содржи 11 советници. Според стариот закон, потребно е да собереме најмалку 100 потписи за да бидеме учесници на изборите. Сите кои сакаат да ни ја дадат својата поддршка за мене како кандидат и мојата советничка листа, тоа можат да го сторат во канцеларијата на Државната изборна комисија во Делчево, рече Митревски.

Во трката за градоначалник на Македонска Каменица тој влегува како претседател на Еколошкото друштво „Здравец 2002“. Од изборите очекува добар резултат и добар натпревар со останатите кандидати и доколку ја добие довербата од граѓаните вети дека со нови идеи и проекти во голема мера ќе придонесе за подобар развој на Македонска Каменица.

-Ние ќе предложиме своја програма која е готова. Имаме проекти од областа на инфраструктурата, социјалата и туризмот кој ни е главен фактор во изборната кампања, додаде Митревски.

Покрај Митревски, во Македонска Каменица засега се најавени независни кандидатури на уште тројца кандидати кои ќе се натпреваруваат во трката за градоначалник. Освен независните, во трката за градоначалник влегува и Димче Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ, а се очекува и името на кандидатот од редовите на СДСМ. Меѓу нив е актуелната градоначалничка на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Актуелниот градоначалник на скопската општина Илинден во трка за нов мандат како независен

Собрани потписи за четири независни кандидатски листи, рокот е до 30 август до 24 часот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлог до Владата: Полицискиот час да почнува на полноќ, угостителите да работат до 23.30 часот

Редакција

Апасиев: За една фотосесија го шитнаа и народот, и јазикот, и културата, и историјата

Редакција

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште

Редакција