еМагазин
Image default
Бизнис

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по цена од 62 денари.

Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по цена од 36,876 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент во однос на одлуката од 3 месецов.

РКЕ во образложението за цената на горивата наведува дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646 проценти, дизелот за 3,041 проценти, екстра лесното масло за 2,917 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 3,215  проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крвични за прекршување на протоколите за Ковид-19 за три угостителски објекти во Скопје и еден во Битола

Редакција

„Арбеит Де“ го доби тендерот за привремени вработувања на општина Кисела Вода

Редакција

Владата ја изедначи акцизата на маслото за греење и за погонско гориво

Редакција