еМагазин
Image default
Балкан

Поглаварот на грчката црква Јеронимос примен во болница поради Ковид-19, влошена и состојбата на српскиот патријарх Иринеј

Поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос, рано утрово, со благи симптоми на коронавирусот, беше примен во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Информацијата преку „Твитер“ ја соопштија од атинската Архиепископија, додека пак портпаролот на архиепископот Харис Конидарис, за грчката телевизија „Скај“ објасни дека 82- годишниот Јеронимос во понеделникот направил тест, а резултатот што го добил вчера бил позитивен.

Синоќа имал зголемена температура, па затоа утрово бил пренесен во болница, но е во добра состојба.

Пред две седмици, откако беше откриен позитивен случај кај член на Светиот синод на ГПЦ, архиепископот беше тестиран и доби негативен тест.

Архиепископот Јеронимос во саботата се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, меѓутоа, во пресрет на средбата и двајцата правеле тест и добиле негативен резултат.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, соопшти дека Мицотакис направил тест и пред дводневната посета (вчера и завчера) на Обединетите Арапски Емирати, па затоа, епидемиолозите препорачале дека не постои причина за превентивен карантин.

Во Грција, позитивни на Ковид-19 се најмалку четворица митрополити, од кои еден почина.

Влошена е општата состојба и на српскиот патријарх Иринеј, како последица на Ковид-19, соопшти Српската православна црква.

“Постојаниот конзилиум на лекари, во присуство на лекари од Руската Федерација, ја следи општата и клиничката состојба на Српскиот патријарх Иринеј”, соопшти СПЦ.

Патријархот (90) се лекува на Воено-медицинскиот центар Карабурма од 5 ноември.

МИА/еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што напишаа грчките медиуми за посетата на папата Франциск на Скопје

Редакција

Градоначалникот на Петриња разочаран од државната помош: „Преспав и решив да не ја земеме“

Редакција

Во внатрешните делови на бродовите и во такси во Грција маската останува задолжителна

Редакција