еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ за упадот во РТС „удри“ по Заев и неговите српски советници и соработници кои ги нарече криминалци

Тешки зборови паднаа денеска за македонскиот премиер Зоран Заев од страна претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во своето вонредно обраќање по синоќешниот упад на демонстрантите од антивладиниот протест, Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања, ги спомена предводниците на протестите како големи пријатели на Заев, како и затворската казна на поранешниот македонски министер за внатрешни работи, Митко Чавков и двојните аршини на западнатите амбасади.

„Интересно е како кај нас имаат двојни аршини. За оние кои не слушнаа прашањето беше: Како е можно западните амбасадори да не го осудија, а во иста секунда ги осудија оние кои упаднаа во македонскиот Парламент? Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Џилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот.

По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Џилас да влезат внатре.

Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет.

Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа тоа не ме интересира“, изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ исто така ги спомена и советници и соработници на Заев, кои доаѓаат од Србија.

„Па има група криминалци од тука, од Белград, која сака да работи во Скопје. Бандити кои ние ги протеравме од тука. Од Саша Мирковиќ, (Зоран) Башановиќ. Сите докажани криминалци. Овој крадеше гаќи во трговски центар во Америка и така натаму. Сега е голем советник и е многу важен а за другиот не сакам ниту да зборувам“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонско сценарио“ за упадот во РТС: Твитер „удри“ по Вучиќ

За Србија упадот во РТС е „македонско сценарио“

(ВИДЕО) Србија: Демонстранти упаднаа во зградата на РТС, полицијата ги извлече

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Импресивна приказна за Нуџејма Софтиќ: Живот испреплетен со пречки и трагедии

Редакција

Борел бара итно продолжување на дијалогот Белград – Приштина

Редакција

Времето денеска облачно и врнежливо, во среда краткотрајна стабилизација

Редакција