еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска облачно и врнежливо, во среда краткотрајна стабилизација

Претежно облачно време ќе преовладува денеска во државава. Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен до југозападен ветер.

Во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а потоа повторно се очекува нова краткотрајна нестабилност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Редакција

Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за денар

Редакција

Отворен Конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул

Редакција