еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Белорускиот активист за човекови права Алес Бјалјацки, руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи се добитници на Нобеловата награда за мир за 2022 година.

Наградата им е доделена „за претставување на граѓанското општество во нивните земји и заштита на основните човекови права на нивните граѓани“.

– Долги години тие го промовираат правото да ја критикуваат Владата и да ги штитат основните права на граѓаните, се наведува во образложението на Нобеловиот комитет.

Исто така се посочува дека победниците „вложиле извонредни напори да ги документираат воените злосторства, кршењето на човековите права и злоупотребата на власта“ и дека тие „заедно ја покажуваат важноста на граѓанското општество за мирот и демократијата“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Царинската управа скопскиот аеродром се уште се вика „Александар Велики“

Редакција

Од Ковид-19 во Тетово починаа 10 лица

Редакција

Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски

Редакција