еМагазин
Image default
Балкан

Мицотакис најави можно повторно воведување на рестрикции, бидејќи следуваат два критични месеци во Грција

Се наоѓаме пред еден критичен период од два месеци во битката со Ковид-19, вистина е дека ова го имаме кажано многупати, но веќе со право се надеваме дека е последен, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на расправата во Парламентот на ниво на лидери на партии за пандемијата и економијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека управувањето со пандемијата е маратон, а не спринт, истакна дека постои замор кај граѓаните од континуираните рестрикции, а споменувајќи ги најавените олабавувања на мерките, потенцираше дека не станува збор за отворање, туку за прилагодување.

– Внимавајте, погрешно е да говориме за отворање. Погрешно е да говориме за отворање, многу поправилно е да говориме за одново прилагодување на активностите и затоа Владата, во соработка со експертите, донесе низа одлуки, рече Мицотакис и не ја исклучи можноста, доколку има појави на собири, повторно да се вратат рестрикциите.

Тој се осврна и на новиот тип тестови за домашна употреба што ги воведува Владата, т.н „self tests“, а како пример спомна дека може да помогнат за почеток на наставата во средните училишта, односно учениците да се тестираат 24-48 часа пред отворањето на училиштата.

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, упати остри критики до Владата за начинот со кој се справува со пандемијата, рече дека просечен граѓанин не може да разбере што кажуваат, но и дека граѓаните изгубиле доверба во Владата.

– Секој ден ја подготвувате грешката што ќе ја направите следниот ден. Трагични грешки во стратегијата. Со 1.000 случаи локдаун, со 4.500 случаи отворање на активности. Како да просечен граѓанин да разбере?, истакна Ципрас додавајќи дека еден министер од Владата „кажува затвораме, друг вели отвораме“, а „истото се случува и со вакцините“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Македонски државјанин со 300 килограми кокаин „падна“ во рацете на албанската полиција

Редакција

Грчките медиуми за одлуката на Бундестагот за старт на преговорите со Македонија и Албанија

Редакција

Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

Редакција