еМагазин
Image default
Македонија

Ако сака Македонија да влезе во ЕУ, мора да се придржува до европските вредности, порачува Захариева

Бугарија ги почитува своите соседи и има интерес за европска интеграција на земјите од Западен Балкан, изјави бугарската министерска Екатерина Захариева, при гостување во телевизијата Нова.

Осврнувајќи се на бугарското вето за преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ, Захариева потенцира дека поддршката од Бугарија за земјава никогаш не била безусловна.

– Властите во Скопје одамна знаат дека има проблеми што не ги решиле во билатералните односи со нас, рече Захариева, додавајќи дека минатата година за време на последната меѓувладина средба на земјава и биле посочени овие проблеми.

Таа потенцира дека зад ставот на Софија има и „деловни пречки“, како наводно блокирање на бугарски инвестиции во земјава со административни пречки, застојот во изградбата на Коридорот 8, „недонесување на тригодигодишна програма за образование и култура“ од македонска страна и „одбивање на соработка во одбраната“.

Според Захариева, за Бугарија е неприфатливо и „зголемувањето на антибугарската кампања“ во земјава. Таа оцени дека „говорот на омраза“ во земјава не се појавил во последните месеци, туку дека „антибугарската кампања не е запрена“ и секогаш се влошува пред важни моменти.

– Ако сакаат да влезат во ЕУ, мора да се придржуваат до европските вредности. Не мислам дека е добро за граѓаните на оваа земја да бидат воспитани во омраза, додаде Захариева.

Таа негираше дека Бугарија била под притисок на Германија да попушти во однос на преговарачката рамка за земјава, нагласувајќи дека дури и некои во Скопје мислеле оти ќе има да таков притисок врз Софија.

– ЕУ не функционара на тој начин. Секоја земја е еднаква во оваа Унија. Проширувањето мора да биде одобрено од сите земји членки, додаде шефицата на бугарската дипломатија.

Захариева смета и дека формирањето на Заедничката бугарско-македонска историска комисија не претставува грешка.

– Не е работа на владите да се разјаснуваат за историските личности, туку заедничката комисија требаше да им предложи решение на политичарите, истакна Захариева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Во Бугарија нема корупција и криминал, а Захариева е најубава политичарка во ЕУ„

Бугарија покажува мускули на темата Македонија, вели деканот на бугарскиот Факултет за словенска филологија

Eкс-Југославија застана зад Македонија: Со Декларација се бара Бугарија да не ја злоупотребува историјата

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Претседателот Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел, претседателот Дуда со Орден „8 Септември“

Редакција

Телма: Миленкоски помогнал бегство на македонски државјанин, а не на ерменски бизнисмен

Редакција

Холандскиот парламент блокира преговори со Албанија, но не и со Македонија

Редакција