еМагазин
Image default
Свет

Покрај Ковид-19 во Конго активна и ебола

Еболата се шири во западниот дел на Демократска Република Конго со речиси 50 познати случаи низ целиот регион долж границата со Република Конго и Централноафриканската Република, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Во екот на пандемијата на коронавирусот важно е да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат. Откако властите на 1 јуни ја прогласија епидемијата досега се потврдени 48 случаи во провинцијата Екватор, уште три се суспектни, а вкупно се умрени 20 лица.

Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме големи причини за загриженост,“ вели извршниот директор за операции на СЗО, Мајк Рајан.

Станува збор за голема географска област, која вклучува дел од реката Конго и во неа луѓето минуваат долги растојанија и заедниците се многу поврзани.

„Сите ги предупредувам дека сега, кога бројките се се уште мали, во екот на Ковид-19, многу е важно да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат,“ додаде Рајан.

Тој потсети на одделните жаришта во провинциите Северна Киву и Итури, во источно Конго, каде во мај што беше прогласен крајот на епидемијата на ебола. Во овие области досега се потврдени 3.463 случаи, а веројатно за две години починале 2.277 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Појасот Газа е срамнет со земја по нападот на Израел

Редакција

Далеку е договорот за прекин на огнот, оценува Макрон по разговорот со Путин

Редакција

СЗО: Можно е зголемување за 55% на заболените од рак до 2040 година, повеќе ќе заболуваат мажите

Редакција