еМагазин
Image default
Локално

Полицаец му помогнал на лице со потерница да избега од колегите во МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицето Е.К., вработен како полициски службеник во Единицата за интервентна полиција, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – „злоупотреба на службената положба и овластувања“, по чл 353 ст.1 од Кривичниот законик на РСМ, информира МВР.

„Имено, пријавениот според наодите на Одделот за внатрешна контрола при МВР на 23.04 годинава, со умисла ја искористил службената положба и овластувања и во својство на полициски службеник ги пречекорил истите, така што со намера да прибави корист за лицето А.Д. од Скопје кој се барал по потерница, го известил дека полицијата го бара и му овозможил да побегне од местото каде што претходно бил лоциран од страна на полицијата.

Покрај ова од страна на Одделот поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежна комисија и побарано е донесување на решение за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинска постапка“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца охриѓани ограбиле 14 куќи и станови

Редакција

Грозоморен случај во Гостивар: Три лица обљубиле дете

Редакција

Укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража

Редакција