На 15.07.2020 околу 18.00 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека во близина на спортската сала во с.Бучин, крушевско, на околу 200 метри од гласачко место, настанала расправија помеѓу две групи на граѓани, по што полициски службеник од Полициска станица Крушево, кој вршел обезбедување на гласачко место, издал наредба да престанат со нарушувањето на јавниот ред и мир, информира МВР.
Тие не послушале, по што полицискиот службеник од службениот пиштол испукал два предупредувачки истрела во воздух.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Фото: Општина Крушево
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.