еМагазин
Image default
Локално

Полицаец со службен пиштол се распукал пред кафана во Крива Паланка

На 19.07.2020 во 01,10 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул. „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот, информира МВР.

„Подоцна од полициски службеници Т.Т. бил лишен од слобода,а кај него и во патничко моторно возило „Пежо“ управувано од Т.Т. при извршен преглед биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ кал.9мм, една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми кал.9мм, една рамка со 30 куршуми кал.7,62мм и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати 2 испукани чаури кал.9мм за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела, две спасувачки акции на Водно

Редакција

(Галерија) Струга новогодишно накитена

Редакција

Го уапсиле бидејќи побегнал откако прегазил битолчанец

Редакција