Во ОВР Крушево синоќа во 21.15 часот било пријавено дека 68-годишна жена сака да се фрли во езерото во близина на Крушево.
Полициски службеници се упатиле кон езерото и ја затекнале жената кога скокнала во езерото.
– Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево, Н.П. скокнал во езерото по неа и ја спасил, по што е пренесена во Здравствен дом Крушево, информираа денеска од МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.