еМагазин
Локално

Полициски службеници спасија девет лица кои се изгубиле на Попова Шапка

Двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово денеска во 10 часот и 30 минути пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.

– Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од „Елем Турс“ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште седум други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон, информираа од МВР.

Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Тројца се повредени: Поради густа магла 30 лица се изгубиле на ски терените на Попова Шапка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно заглавено возило на Галичица, иако патот е затворен

Редакција

Исчезна момче од Кисела Вода

Редакција

На социјалните мрежи се шири видео во кое маж става дете во контејнер за донации кај „Сити мол“

Редакција