еМагазин
Image default
Македонија

Полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, предлага Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб му предложил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни на територија на цела држава.

-Филипче образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Епидемиолошката состојба во државата, потенцираат од МЗ, е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид – центрите на територија на цела држава.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии.

Според последната епидемиолошка анализа, нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани, стои во соопштението.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради неподнослива атмосфера во судницата, прекинато рочиштето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Трета доза може да примаат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

Редакција