Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 21 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
„Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.