еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Налепници НМК “нема ни за лек”, граѓаните револтирани: Што сменија Грците, ни таблите со името?

Налепниците НМК се уште не се стигнати во техничките станици, како што најавија од МВР.

еМагазин посети дел од нив. Граѓани доаѓаат и прашуваат, вработените креваат рамења и не знаат кога ќе пристигнат.

“Службено треба да патувам, не можам да излезам од државата, не по моја вина. Кој ќе ми ги плати нервозите, трошоците за нови документи,” вели револтиран граѓанин за еМагазин.

Граѓаните бараат и барања за пополнување за налепници за да можат кога ќе пристигнат, само да ги подигнат, но во техничките станици немаат ни барања.

Она што треба граѓаните да го знаат е дека освен налепница за автомобилот, возачка со ново име, потребно е и сообраќајната да биде со новото име.

“Само ние имаме обврски да се бришеме и да се малтретираме, во Грција ни табли не сменија,” вели друг граѓанин.

Кога ќе пристигнат налепниците, никој не знае да каже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сите кредити земени со стари документи, од полноќ се неважечки“: Твитер реакции за возачките, пасошите и личните карти со „Северна“

Зошто од среда ќе Ве казнат ако возите со возачка без „Северна„?

Од среда нема да можете да излезете од државата без пасош со „Северна“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хисен Џeмаили стана министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима

Редакција

ДИК отфрли 1.478 приговори за изборите од Левица бидејќи биле без потпис

Редакција

Новогодишни честитки од Апелација: Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска, четворицата во куќен притвор

Редакција