еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицискиот час од 22 до 5 часот продолжува

Полицискиот час од 22 до 5 часот ќе продолжи, а во текот на неделава ќе се разгледа епидемиолошката состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше воведена на 10 март, а истекува утре.

Целта на неговото воведување, беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Комисијата за заразни болести и министерот Венко Филипче очекуваат на почетокот на неделава резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена, и од нив ќе зависи новата проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев од Благоевград: За разлика од фашистичките клубови што се отвораат кај нас, ова е име на анти-фашист и на комунист

Редакција

САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги започнат преговорите со ЕУ оваа година

Редакција

Судењето за „Титаник 3“ на СЈО, почна од почеток, продолжува на 18 октомври

Редакција