еМагазин
Бизнис

Понудената цена од 48 евра за мегаватчас е резултат на зголемени напори и е со цел да не влијае значајно на крајната цена за граѓаните, велат од ЕСМ

АД ЕСМ понуди пониска цена, од 48 евра за мегаватчас, затоа што со ваква цена ќе има само благо покачување на крајната цена за граѓаните. ЕСМ учествува со околу 32% во цената за крајните потрошувачи.

„Цената што ја понудивме е резултат на зголемениот ангажман на вработените, кои со натчовечки напори и деноноќно ангажирање обезбедуваат електрична енергија за граѓаните и фирмите во овие исклучително тешки услови, особено кога има недостаток на мазут и природен гас во Јужна Европа.

Резултат е и на оптимизирање на производството, зголемување на производството и намалување на зависноста од набавка на електрична енергија, навремено и квалитетно менаџирање на состојбите, намалување на непродуктивните трошоци, намалување на вкупните трошоци за 15% и во првите 5 месеци од годината заштедени се речиси 50 милиони евра. Така ќе се продолжи и во втората половина од годината.

Во услови кога цените се драстично зголемени и има недостиг на енергенси, правиме натчовечки напори да се обезбедат дволни количини на јаглен и да се зголеми ископот за зголемено производство на електрична енергија во РЕК Битола и РЕК Осломеј, додека хидропоренцијалот, поради неповолната хидрологија, се чува за балансирање и системски услови, заради стабилно снабдување.

Не е коректно, во услови на енергетска и воена криза во Европа, т.н. експери да внесуваат немир и дезинформации кај граѓаните со неодговорни настапи во јавноста,“ велат од ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена понуда за преземање: Градежниот институт Македонија сака да купи 63.992 акции од Фабрика Карпош за 489.000 евра

Редакција

ЕСМ склучи договор со Факом, вреден 3,4 милиони евра

Редакција

Келнерите и готвачите во угостителските објекти не се обврзани да се вакцинираат

Редакција