За српскиот претседател Александар Вучиќ, Европската Унија, а не Македонија или Бугарија, се причината за застојот во процесот на проширување на Унијата.
“Северна Македонија не е виновна, со оглед на тоа дека ги исполни сите услови за почеток на преговори за членство во ЕУ, вклучувајќи ја и промената на своето име. Покрај тоа, поплаките на Бугарија, кои доведоа до вето на Северна Македонија, беа „приказни за мали деца“, изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама на „Преспа форум за дијалог“ ја спореди ЕУ со невеста која не дошла на свадбата
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.