еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поради поплавите во Грција, делови од автопатот Солун – Атина остануваат затворени

Водата во грчката област Тесалија полека се повлекува, со што се открива и големината на катастрофата предизвикана од поплавите, меѓутоа продолжуваат проблемите за жителите на регионот, додека пак делови од автопатот Солун- Атина и понатаму се затворени за ообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно постојат предупредувања за опасност за јавното здравје во поплавените подрачја, а на граѓаните им се препорачува да користат флаширана вода и пакувана храна.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос говорејќи за грчката телевизија Скај утрово рече дека вниманието сега е насочено кон долината на Темпи, затоа што нивото на реката Пиниос се повлекува во Лариса, Трикала и Кардица, но обемот на вода се префрла кон долината.

Невремето „Даниел“ остави зад себе 15 жртви, двајца исчезнати, пар од Австрија, илјадници евакуирани, но и целосно поплавени и уништени села.

Во неколкудневните акции за спасување и евакуирање на жителите заглавени во поплавите над 5.000 лица беа извлечени и пренесени на безбедносни локации.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека заклучно со вчера беа спасени 4.500 лица, додека пак крајбрежната служба, по морски пат од регионот на Пилио во близина на Волос 422 лица.

Во спасувачките акции беа вклучени и припадници на грчката армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимки од дрон ја прикажуваат катастрофата од поплавите во Грција

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците како никој во Европа разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, вели украинскиот министер Кулеба

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Ел те инженеринг Горан и др.„ вреден 398,5 илјади евра

Редакција

Нови 104 случаи на Ковид-19 од 918 тестирања

Редакција