еМагазин
Image default
Македонија

Поради позитивен ковид тест на дел од судечкиот совет, одложено судењето за организаторите за 27 април

Судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година се одложува за 26 април, поради позитивен ковид тест на дел од судечкиот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година кои се случија во Собранието на Р.М., ја информираме јавноста дека денешната расправа како и сите расправи насрочени до 25.04.2021 година, се одлагаат со оглед да дел од членовите на судечкито совет се во изолација по добиен позитивен Ковид – тест, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

Следната расправа е насрочена за 26 – ти април, а за евентуални промени во термините за расправа, Судот ќе ги информира странките и јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 67 случаи на Ковид-19 од 1.169 тестирања

Редакција

Оваа се сите кандидати: Новата влада наместо 26 ќе има 19 министри

Редакција

Убава вест: Оздравени 416 заболени од Ковид-19, во Скопје 175

Редакција